Опкружено со дрвја, водопади и тропски живот, ова амазонско племе е скриено од светот, иако се наоѓа на само час возење со брод од градот Манаус, кој е големо пристаниште по должината на реката Амазон. Следните уникатни фотографии, се на луѓе од племето Десаи (Dessana), кое живее на 3.000 милји од главниот град на Бразил.
Фотографот Дејвид Лазар се потопува во светот на едно од неколкуте преостанати племиња, до кои не допрела цивилизацијата, за да ја запечати нивната прекрасна магија.
Тој фотографирал момче со волшебни зелени очи, старешината на племето, мајка и баба, бебе и уште многу неверојатни моменти од животот на Десаи.
„Пловев со чамец, за да дојдам до племето Десаи, кое се уште живее според традициите и обичаите на своите предци. Тие се исклучително мирни и дружељубиви луѓе. Нивниот старешина има традиционален украс на лицето, круна од пердуви и неговата насмевка зборува за топлината и среќата која го грее ова племе“.
Од фотографијата со мајката, бабата и бебето можете да видите како семејството и остатокот од заедницата играат важна улога за одгледување на наследниците.
Децата од дождовна шума играат среќни и слободни. Пердувите, од птицата Макао се носат како засебна племенска лузна. ”
Во 2016 година во градот Манаус ќе се одржи еден од најголемите спортски настани – летната Олимпијада. Лазар прави обид да ги претстави племето и убавината на нивниот живот, за на тој начин да ги заштити од луѓето кои ќе ја посетат Олимпијадата, како и од Владата, која ќе се обиде да создаде атракција за туристите и спортистите.