Компанијата Amazon после долго време конечно реши да претстави свои нови модели. Станува збор за три нови Kindle Fire таблети и тоа конкретно моделите Fire HDX кои пристигнуваат со големина на екрани од 7 и 8,9 инчи, и моделот Fire HD со 7-инчен екран.
Првите два нови модели се нарекуваат Kindle Fire HDX, а главната разлика помеѓу нив е големината на екранот од 7 и 8.9 инчи. Овие модели работат на надоградена верзија оперативен систем Fire 3.0 наречен Mojito кој носи стотина надоградби и работи на четиријадрениот процесор Qualcomm со фрекфенција од 2 гигахерци. Во Amazon посебно се истакнува одличната батерија која би требала да издржи целодневно користење, односно 17 саати читање и 11 саати различна употреба.
Една од најинтересните опции е Mayday, копче за техничка поддршка – покрај него, по пат на видео повик, бесплатно се контактираат вработените во Amazon, за техничка поддршка, нешто слично на виртуелниот Apple Genius Bar. Резолуцијата на екраните од 7 инчи изнесува 1920х1080 пиксели, додека екраните од 8,9 инчи имаат резолуција од 2560х1600 пиксели, со густина на пиксели од 339ppi. Цената на 7 инчниот модел започнува од 229 долари со 16gb, додека почетна цена за 8,9 инчниот таблет е 379 долари.
Освен овие модели, Amazon ги надогради и 7 инчните HD таблети кои сега пристигнуваат со подобрен двојадрен процесор со фрекфенција на работа од 1.5 гигахерции иста резолуција на екран од 1280х800 пиксели, а неговата цена изнесува само 139 долари.
[youtube]http://youtu.be/wX6MXfpnOf4[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.Mk.