Аман заман, Аушвиц не е полски логор

aus

Полската влада усвои нов закон со кој е предвидена казна затвор до три години, за сите што во иднина ќе искористат фраза од типот „полскиот камп на смртта“, алудирајќи на Аушвиц или некој друг од камповите што нацистичка Германија ги имала во окупираната Полска во текот на Втората светска војна.

Целта е Полска да се ослободи од проблемот со кој се соочува со години, кога се во прашање странските медиуми, кои нацистичките логори во Полска ги нарекуваат „полски логори“. Ако се во Полска, не значи дека се полски. Има разлика.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони
- Реклама -