Дали сте знаеле дека редовниот сексуален однос може да биде од суштинско значење за здравјето?
Не само што ве подмладува, туку истиот го продолжува и животот. Со други зборови, секој нов оргазам го зајакнува организмот, осигурува долговечност и го поттикнува хормонот кој лачи среќа. Ваквите податоци се создадени врз база на многубројни темелни истражувања од страна на научници.
Природен лек и антидепресив
Познато е дека во текот на сексуалниот однос се ослободува ендрофин, хормон на среќа. Тој делува како природен лек, па е заслужен и за ублажување на болките. Но, тоа не е се, бидејќи ендрофинот предизвикува и чувство на еуфорија и намалување на тешкотиите. Занчи, повеќе секс- помалку болки и лошо расположение.
Ги ублажува менструалните мачнини
Мускулите кои се активираат во текот на оргазмот помагаат дури и кај намалување на предменструалните и менструалните тешкотии, а експертите тврдат дека со секс можеме успешно да се бориме против предизвикување на стрес.
Подобрување на работата на срцето
Телесната активност во текот на односот ја подобрува циркулацијата, а тоа значи и подобра работа на срцето. Истотака, сексот го регулира и сонот, па изгледаме свежи и одморени.
Ја подмладува кожата
Активниот половен однос го зајакнува производниот раст на хормоните што го спречуваат сушењето на кожата која станува мека. Затоа со редовен однос вие светите и изгледате помлади.
Го зајакнува имунитетот
Истотака, сексот го зголемува имунитетот на нашиот организам и не чува од преладување и грип. Доколку не сакате да кивате и да пиете антибиотици и разни лекови, со својот партнер препуштете се на уживање и „сексуална терапија“.
Намалува килограми
Дали сте знаеле дека во текот на сексот телото може да потроши и до 200 калории? За време на сексот мускулите се активни, а резултатот зависи од интензитетот и позите кои ги применувате. Сепак, немојте да се откажувате од вежбите и здравата исхрана. Бурните ноќи нека ви бидат оној симпатичен, дополнителен мотив да бидете витки и убави.