„Алсат“: Наскоро трета доза и во Македонија, ќе се дава „Фајзер“ без оглед на претходните две

Третата доза вакцина против ковид 19 во Македонија се очекува да се примени наскоро, објави „Алсат“.

Според порталот, властите првично планираат со трета доза да ги имунизираат лицата со загрозен имунитет и здравствените работници, додека за останатите граѓани сѐ уште нема официјална препорака за тоа дали е потребна или не трета доза против ковид-19.

Она што е извесно е дека третата доза ќе биде од вакцината на Фајзер/БиоНТек, без оглед на тоа која вaкцинa ja примило претходно лицето. Така барем изјавил директорот на Институтот за имунологија во Скопје за „Алсат“.

Според порталот, граѓаните што биле анкетирани изразиле подготвеност да ја примат третата доза. Прочитајте ТУКА.

- Реклама -