Според првиот човек на Alpine, Бернар Оливие, компанијата по ревитализацијата планира да произведува околу 3.000 автомобили годишно.
Ревитализираниот производител стана 100% сопственост на Renault во средината на 2014 година, откако францускиот концерн откупи 50 отсто од акциите, кој во оваа компанија ги поседуваше Caterham Group. Компанијата е основана во 1955 година од Жан Ределе и има исклучително успешна историја, вклучувајќи го автомобилскиот спорт. Во јуни минатата година Оливие изјави дека конструирањето на новиот спортски модел Alpine е 60% завршено, а сега работите се на 90%, па останува да се завршат само одредени тестирања и да се стартува со производството.
Renault планира старт на производството кон крајот на 2016 година. Продажбата најверојатно ќе започне во почетокот на 2017 година. Портпаролот на Alpine додаде дека проектот за новиот модел оди според планот и автомобилот ќе биде доставен на клиентите во рамките на околу две години.
Во меѓувреме, тимот на Alpine го создаде виртуелниот Alpine Vision Gran Turismo, со кој ја одбележува 60-годишнината на брендот. Автомобилот е дел од видео играта Gran Turismo 6.