Ало Шведска, кажи песна!

sweden

„Пренасочување кон случаен број некаде во Шведска”.

Тоа е пораката што луѓето од целиот свет ја слушаат во последните четири денаоткако ќе заѕвонат на телефонскиот број +46 771 793 336, кој стана познат како „бројот на Шведска“. Системот всушност ги поврзува љубопитните странци со по случаен избор одбран шведски волонтер, кого јавувачот може да го праша за сé што го интересира.

Идејата е на Шведската туристичка асоцијација, а целта е земјата да се рекламира како дестинација за странци и да се предизвика поголем интерес кон шведската култура, природа и начин на живот. Засега најзаинтересирани се Американците пројавуваат најголема активност околу „бројот на Шведска“, а населението на земјата е повикано да се вклучи во кампањата.

Во контекст на ова, екипата на музичкиот магазин NME се јави на тројца непознати Швеѓани, за да им постави едно многу тешко прашање – да препорачаат песна.

Прво се јавија кај Стина, 31 години, од Стокхолм: Ebbot штотуку издаде нов диск кој треба да се преслуша. Тој е легенда во Шведска, музичар веќе многу долго време. Рокот му е составен дел од стилот, а најдобрата песна му е „Backdrop People“.

Стина слушнала за кампањата од Facebook. Ова е трет странец кој ѝ се јавува. Првиот бил Холанѓанец, кој се интересирал за политиките на Шведска во однос на бегалците и нејзиното мислење за војната во Сирија. Вториот бил повик било од Париз, од некоја Французинка, која следната недела требало да патува во Шведска.

Па кај Анџелика, 31 години, од Стокхолм: Сега слушам една шведска девојка која се вика Laleh. Повеќе ѝ ги сакам постарите песни, особено „Live Tomorrow“. Има нешто мистериозно во оваа пејачка. Таа е на моја возраст, но има тешко минато. Нејзините родители се од Ирак. Нејзиниот татко се удавил кога била мала, затоа има песна со наслов „Некои умираат млади“. Според мене, таа има многу интересен глас и секогаш е уникатна на сцена.

Стокхолм е многу мал град, но секогаш има некакви концерти. На пример, отворен настан наречен „Под мостот“. Таму се собираат алтернативни изведувачи, но имаме и повеќе традиционални класични концерти и филхармонија. Тука исто така се одржуваат и многу бесплатни концерти, на кои учествуваат големи меѓународни изведувачи.

Па кај Ола, 28 години: Мојата музичка препорака? Интересно прашање, вие сте четвртиот човек кој ме повикува преку овој број, а непосредно пред 5 минути ме вклучија во данското радио. Kent се многу позната шведска група, уште од почетокот на 90-тите години. Ова лето тргнуваат на својата последна турнеја, по што ќе престанат да свират заедно. Не можам да кажам точно каков стил на музика прават, но е нешто како поп. Најдобрата песна им е „Dom Amdra“.

- Реклама -