Алкохолот е воведна дрога, не марихуаната

Студија објавена во The Journal of School Health открива дека теоријата за ефект на „воведна дрога“ кај некои луѓе е точна.

Но вината за зголеменото злоупотребување на субстанци кај зависниците се оттрга од марихуаната и се префрла на социјално прифатена дрога – алкохол. Студијата наоѓа дупки во војната против дрогите, докажувајќи дека марихуаната не е примарниот индикатор дали некое лице ќе се префрли на поопасни субстанци.

„Со одложување на почекот на алкохолната иницијација, стапките на злоупотреба на легални субстанци како тутун и нелегални субстанци како марихуана и други дроги ќе бидат намалени“ изјавил ко-авторот на студијата Адам Е. Бери, асистент професор на Универзитетот од Флорида.

Иако студијата нуди докази дека злоупотребата на субстанци може да биде предвидена со висока точност преку анализирање на историјата на корисникот. Бери верува дека идејата дека марихуаната е примарниот вовед до поштетни субстанци е катастрофално грешна бидејќи нејзините автори во триесетите не ги разбрале основните податоци а не се ни обиделе да направат детално истражување.

„Најновата верзија на теоријата за воведна дрога е дека користењето почнува со марихуана и продолжува со она што лаиците го викаат „тешки дроги“. Како што се гледа од оваа студија хипотезата е потврдена, но запчнува со легални субстанци, специфично алкохол, и продолжува кон нелегални субстанци.“

„Значи, ако знаеме што некој вели за нивната употреба на алкохол можеме да предвидиме каква ќе биде нивната реакција на други дроги. Поедноставено, ако знаеме дали некој користел хероин (најретката и најтешка дрога) тогаш може да претпоставиме дека тој ги пробал сите други.“

- Реклама -