Верувале или не, консумирањето на умерени дози алкохол претставува гаранција за долга и среќна романтична врска.
Истражувањето во кое учествувале 19,977 брачни двојки од Норвешка покажало дека брачните партнери кои заедно консумираат алкохол имаат помал ризик од развод во однос на другите двојки.
Меѓутоа, количините на пијалок мора да бидат умерени затоа што во спротивно оваа навика може од бракот да направи пекол. Браковите во кои едниот партнер пие многу повеќе во однос на другиот имаат многу поголем ризик од развод. Тоа особено е изразено кај двојките во кои жената пие повеќе.
„Браковите во кои жените пијат повеќе се распаѓаат од повеќе причини. Една од нив е тоа што алкохолот многу повеќе влијае на жените и тоа што консумирањето алкохол не се совпаѓа со традиционалната улога на жените во општеството“, објаснува авторот на истражувањето Фартејн Аск Торвик, научник од норвешкиот Институт за јавно здравје.
Бројот на бракови што завршиле со развод, а во кој двајцата партнери пиеле големи колчичини алкохол е 17,2 отсто. Затоа, бројот на разводи во бракови во кои двајцата партнери консумирале умерени количини алкохол изнесува само 5,8 отсто.