Алиу без јасен одговор дали ќе се спроведат внатрешни проверки за фиктивни вработувања

Министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на прашање од новинарите за потенцијалното постоење на „фантом-вработени“ во клиниките и другите здравствени институции, изјави дека контроля на внатрешните процеси се спроведува согласно годишната програма на Државниот завод за ревизија. Според него, веќе се направени проверки во дел од клиниките.

„Нашите ревизорски тимови работат според утврдена програма. Оваа година, неколку клиники се опфатени со ревизија, а следната година ќе имаме состанок за да одредиме каде ќе се продолжат ваквите активности“, истакна министерот.

На прашањето за внатрешните проверки, Алиу нагласи дека законите се јасни и треба да се почитуваат. Тој додаде дека секое неоправдано отсуство од работа мора да биде санкционирано.

Прочитајте и:  (Видео) Мекгрегор се врати и веднаш се соочи со нов шок

„Законите не оставаат простор за нејаснотии. По три дена отсуство, евидентно е дека мора да се реагира. Затоа имаме систем за идентификација со прстен, кој функционира. Лично се чекирам кога доаѓам на работа, со цел да покажеме дека системот може да имплементира ред. Многу брзо ќе стане дел од сите клиники и здравствени институции, за да ги наградиме оние што редовно доаѓаат на работа, но и да преземеме мерки против оние кои не го почитуваат законот“, заврши Алиу.