Адвокатот Асмир Алиспахиќ, со решение на Основниот кривичен суд, е казнет со 2.000 евра бидејќи на социјалната мрежа Фејсбук објавил статус за судијката Софија Лаличиќ во која ја нарекува „сварофски“ и „дно од судија“.
Со тоа, според решението, се навредува судот.
Решението за казната, адвокатот го објави на неговиот профил на Фејсбук.