„Арогантното и неодговорното однесување на градоначалникот на Струга уште еднаш покажа дека дивоградбите во Струга се прават со знаење, амин и згора на тоа и со негово стимулирање. Повеќето од тие што градат околу езерото и не само таму, ги кажуваат истите зборови: ‘Се договоривме со Рамиз’ “, реагираат од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, по самоволието и самовластието што струшкиот градоначалник Рамиз Мерко уште еднаш го демонстрираше со вчерашната изјава, порачувајќи дека Владата ќе прави како што ќе каже локалната власт во Струга, а не обратно.
„На овој уништувач на секоја вредност и богатство на граѓаните на Струга, не му е местото таму. За жал, институциите стануваат алатка на кpиминал и кpиминалци како Рамиз. Уште еднаш ги покануваме полицијата, oбвинителството, cyдот и владата да преземат мерки, пред да стане предоцна. Нашето богатство се уништува и узурпира, додека организиpaниот кpиминал цвета на секој агол на Струга“, велат од партијата на Села.
„Ние ќе му кажеме да доградиме уште, а не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Сигурно така има да кажат бидејќи ние сме локална власт. Фала богу кога доаѓа пролет, сите треба да направат реконструкција, да ги исчистат терените, да ги средат концесиите, да ги средат и измачкаат објектите. За овие работи за кои и вие и оние невладини кои ги има во Охрид, не нaпaѓаат – нас баш нѐ брига“, порача вчера Мерко, коментирајќи го предлогот Владата да се справи со уривањето на дивоградбите во Струга и Охрид наместо локалната самоуправа, како што побара Антикорупциска.