Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ со осуда за пукањето на митинзите на ДУИ, но не очекуваат дека некој ќе одговара

„Почнувајќи од првите три дена на предизборната кампања, актуелниот режим со оружје и вандализам има намера да ја наштети предизборната кампања. Ние се соочуваме со противници кои што не знаат што претставуваат демократски и цивилизирани избори, но ова се нивните последни клоци“, реагираа денеска од Алијанса за Албанците, според кои прво во Чаир, но потоа и во Желино, отварањата на комуналните штабови на ДУИ се придружени со пукања, и тоа во присуство на високи функционери кои, како што се вели во реакцијата, ракоплескаат и ги поддржуваат овие дела.

„Освен пратениците и останатите функционери, за време на последниот инцидент во Желино присутен беше и Заменик министерот за правда – Агим Нухиу.

Се потсеќаме на настаните пред 4 години во Чаир, кога победата беше украдена и никој не одговараше за пукањето со оружје, затоа, ние сме уверени дека ни овој пат нема да се преземе ниту една мерка, бидејќи обвинителството е во рацете на бившиот министер на ДУИ и законот за нив не важи“, обвинуваат од Алијанса за Албанците.

„Власта предводена од ДУИ-ДПА која манипулираше со
изборите во Чаир од 2013 година нема епилог. И другиот пазарџија се казнува па потоа се става предметот на повторно разгледување, само затоа што одлично им служи на тајните служби“, додаваат тие.

Од АА реагираа и за уништувањето на нивни предизборни материјали во Тетово, каде биле вандализирани рекламни материјали и билборди од нивниот кандидат за градоначалник Вулнет Мурсели. Ваквиот чин е уште еден аларм за институциите во земјата, а посебно за меѓународните заедници и мониторинг мисиите на  Европската Унија, велат од партијата.

„Јавно го прашуваме Премиерот Зоран Заев, дали се овие инциденти со оружја и демолирање на предизборниот материјал во Скопје и Тетово, стратегија на Владата, бидејќи веќе се дозна дека неговите партнери ги се извршители на овие дела?

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Сакаме да ги по повикаме граѓаните да не се вознемируваат. Овие се последните обиди на коњот пред умиpaње, дела на партии кои губат. И во минатото сме виделе партии кои направиле вакви дела и денеска се борат за да преживеат“, порачаа од опозицијата од албанскиот блок.

Опозицијата од македонскиот блок, пак, го осуди користењето оpyжје на митинзите на ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува пукањата на митинзите на ДУИ што е кривично дело кое го штити полицијата на Спасовски.

Криминалната коалиција на власт е нервозна затоа што ќе ги загуби изборите. Премиерот Заев не треба да глуми изненаден, доволно е да даде наредба на Спасовски виновниците за пукотниците да се санкционираат. Тоа нема да го направи затоа што СДСМ и ДУИ ги врзува криминалот и тендерите“, се вели во реакцијата.

„Во која друга европска држава има митинзи со пукотници на оружје?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, кои одговор побараа од премиерот Заев.

Од Алијанса уште вчера побараа Обвинителството да почне истрага за употреба на недозволено оpyжје на јавни настани.

„Оpyжјето симболизира cмpт и токму отворањето на штабот со истpeли од oгнeно оpyжје од страната на милитaнтитe на ДУИ, зборува за начинот на кој што оваа партија стреми кон победа, со зaкaни, притисоци, манипулации и влевање на стpaв!“, порачаа тие, барајќи одговорност од организаторот на собирот, односно ДУИ – партијата што го организираше настанот.

- Реклама -