Алијанса: Оставките се обид за прикривање на својата вина, брзање да се амортизира револтот на граѓаните

„Тие коишто пред само 24 часа рекоа дека е време за предизвици, а не за оставки, по објавувањето на првите индиции за трагични грешки во изградбата на модуларната болница во Тетово, даваат оставки. Овие задоцнети оставки се обид да се оправда нефункционалната влада која мора да поднесе оставка до последниот, тактика на неодговорни функционери за да ја покријат својата вина, брзање да го амортизираат револтот на граѓаните и игра да избегаат од одговорноста“, обвинуваат од Алијанса за Албанците, откако денеска оставки поднесоа директорот на Клиничката болница во Тетово – Флорин Бесими, економскиот директор на болницата – Артан Етеми, заменик-министерот за здравство – Илир Хасани, но и министерот за здравство – Венко Филипче.

Од Алијанса, меѓутоа, инсистираат на одговорност вон моралната.

„Во минатото видовме случаи што завршија со оставка и во следниот мандат со повторно назначување на истите функционери во други оддели, но без никаква кривична одговорност. Трагедијата во Тетово го потресе светот, избриша 14 животи и ги изгори срцата на сите нас. Овој случај не смее да остане без правда и без одговорност. Го повикуваме обвинителството да не подлегне во политички игри, да дејствува итно и да не дозволи ниеден од осомничените да избега и да ни се случи Будимпешта 2“, се вели во реакцијата.

- Реклама -