Алијанса/Алтернатива: Одлуката за патарините за српските туристи е дискриминирачка кон нашите граѓани и сите други соседи

Владата на СДСМ и ДУИ, со фаворизирањето на една соседна држава, донесе скандалозна одлука која ги дискриминира не само граѓаните на соседните земји, туку и своите – обвинуваат од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, по одлуката на Владата летово патарините да бидат бесплатни за српските туристи, како знак на благодарност за донацијата на вакцини против ковид-19 од страна на Србија.

„Со одлуката за доделување 200.000 картички за ослободување од наплата на патарина за туристите од Србија, Владата ги дискриминира сите други соседи од кои земјава има исто така придобивки, соработка и добрососедски односи. За овие картички Министерството за финансии ќе троши речиси 3 милиони евра, пари на наши сограѓани, кои сега треба да ја платат цената на милоста на Србија, која дојде како последица на неспособноста на Владата и Министерството за здравство за обезбедување вакцини против Ковид-19“.

Од друга страна, велат од коалицијата, жители на селата од околината на автопатиштата се должни секој ден да платат за пократки далечини при поврзување со градот“, вели опозицијата од албанскиот политички блок.

Тие порачаа и повикаа Владата итно да ја промени одлуката. Прво што треба да се направи наместо тоа, според нив, е да се најде трајно решение за локалните жители кои плаќаат иако не го користат користат автопатот.

Во однос на патарините, за време на туристичката сезона од наплата да се ослободат граѓаните од сите соседни држави на кои крајна дестинација им се нашите туристички центри, а не и оние што само транзитираат кон трета земја, побара коалицијата.

- Реклама -