Алиша Кис: Дали сум соодветно облечена?

alicia-keys-02afpfoto-chris-graythen_ff

И Алиша Кис беше една од големите ѕвезди кои настапуваа на финалето на NFL лигата на актуелниот „Супербоул“, а пред настапот таа со нејзините Твитер фанови сподели фотографија од гардеробата.

Пејачката се одлучила за црвен, долг и припиен фустан, па пред да излезе на сцената се запрашала дали е соодветно облечена за пригодата.

„Речиси сум подготвена за настапот на „Супербоул“. Дали е ова соодветно? Високите штикли се мојата верзија на копачки“, напишала пејачката под фотографијата.

Сепак, кога дојде големиот момент, Алиша даде се од себе, па публиката на стадионот ја поздрави со громогласен аплауз.

http://www.youtube.com/watch?v=HAnL2tztKQ4

- Реклама -