Алгоритам ја открива сексуалната ориентација на мажот

Научниците тврдат дека пронашле алгоритам кој може со 70% точност да предвиди каква е сексуалната ориентација на мажите.

Екипата зад истражувањето претставено на годишната средба на Американската заедница на генетичарите, верува дека го пронашла првиот пример за предвидлив модел на сексуална ориентација, основан на молекуларен маркер.

Научниците одамна тврдат дека има генетски фактори кои делумно ја објаснуваат разликата во сексуалноста на луѓето, а овој алгоритам е создаден преку употреба на модификација на генетската информација која се содржи во ДНК-то.

алгоритам

Дали?

Нивното тврдење сепак наиде на скептична реакција од различни експерти. Една од резервите кон перцепција на истражувањето е фактот дека истото е направено на база на истражување на 47 парови близнаци и е објавено само како резиме – уште не добило детален преглед. Освен тоа истражувањето го насочува вниманието кон асоцијацијата, а не кон предвидливиот модел.

Научниците ги истражуваат моделите за метилација на ДНК – молекуларен процес за модификација на ДНК, кој влијае на тоа кога и колку силно се пројавува даден ген во геномот на пар идентични близнаци. Кај нив надворешните фактори, како пушењето или изложеноста на тестостерон пред раѓањето, можат да доведат до различна метилација на ДНК.

Самото истражување

Научниците направиле споредба помеѓу 37 парови идентични близнаци, при што еден од браќата е хомосексуален, а другиот – хетеросексуален и 10 пара близнаци со хомосексуална ориентација.

По учењето научниците тврдат дека можат да ги контролираат овие генетски разлики и да го разрешат ефектот на метилација. Тие создадоа и алгоритам, кој открива дека моделите на метилација на девет мали распони во геномот може да бидат искористени за предвидување на сексуалната ориентација со 70% точност.

Научниците посочуваат дека веќе ја тестираат точноста на алгоритмот во поширок круг од мажи.

- Реклама -