Алфонсо сака фраерски постер на сред плоштад

alfonsoШампионот Алфонсо од  филмот "Шампионите од
Шутка", кој се декларира како Алфонсо Први, односно Алфонсо Вистински,
кого никој не може да го надмине, а особено не во собирање на костуми и
во елегантност при пиење на капучино, секојдневно ужива да шета и да
обиколува кафулиња, најчесто Дал мет Фу, Блу кафе и Рим- Париз.

alfonso

Шампионот Алфонсо од  филмот "Шампионите од
Шутка", кој се декларира како Алфонсо Први, односно Алфонсо Вистински,
кого никој не може да го надмине, а особено не во собирање на костуми и
во елегантност при пиење на капучино, секојдневно ужива да шета и да
обиколува кафулиња, најчесто Дал мет Фу, Блу кафе и Рим- Париз.
 
Неговиот “лајфстајл” е светски- да биде среден тип-топ, да си седне во
некој локал, да разговара само со луѓе што му се допаѓаат и да се
поздравува со неговите обожаватели, кои се во огромен број. По глумата
во неколку филмови му се роди желба еден огромен фраерски постер од
него да стои во центарот на Скопје.  

Тој вели дека неговиот татко
Рамиз своевремено, кога врвеле прекрасни кочии по улиците, бил кмет на
Шуто Оризари, и живеел 103 години. Алфонсо (74)  е убеден дека исто
така и тој долго ќе живее и дека допрва ќе глуми поактивно, особено што
неговите потомци се презадоволни од неговите улоги. Го поддржуваат да
се пријавува на кастинзи.
 
Алфонсо сака да биде ѕвезда на цел
свет. Друго не може да го помрдне од место, особено не политика и на
изборите нема да оди да гласа за никого, вели.
 
 
 
- Реклама -