Alfa Romeo развива конкурент на BMW 5

Постариот брат на Alfa Romeo Giulia ќе излезе на пазарот во 2018 година и ќе биде директен ривал на BMW 5 и E-класа на Mercedes. Новиот модел ќе дебитира со богата гама мотори, вклучувајkи и plug-in верзија и првиот во историјата на марката шестцилиндерски дизел.

popup_230_Alfa-Romeo-1000-1[1]

Новиот седан ќе е базиран на платформата со заден пренос на Giulia и ќе користи пред се четирицилиндерски бензински и дизел мотори познати од  постоечките модели.

– Им ветивме на нашите акционери и инвеститори постојан прилив на нови модели кои треба да се продаваат многу добро, изјави главниот технички директор на FIAT Chrysler, Харалд Вестерн. – Тоа значи серија на успешни седани и SUV модели.

Моторната гама на Giulia вклучува 2,2-литарски турбодизел со моќност од 150 и 180 коњски сили, како и 2,0-литарски бензински мотор со 200 коњски сили, а најверојатно овие мотори ќе се појават и кај поголемиот модел. Специјално бензинскиот мотор има сериозен потенцијал за развој, според Вестерн, што значи дека може да видиме и многу помоќна негова верзија. Во палетата може да се најде и V6 мотор со две турбини и 508 коњски сили, кој доаѓа од Giulia Quadrifoglio, а заедно со него ќе се нуди и првиот во историјата на марката 6-цилиндерски дизелски агрегат. Со овие мотори новиот модел на Alfa ќе има повеќе шанси против германските ривали.Изборот на трансмисија ќе е меѓу 8-степен автоматски и 6-брзински мануелен менувач.

Премиерата на новиот модел ќе биде малку по онаа на SUV моделот Stelvio, а двата автомобила ќе имаат важна улога за ревитализација на италијанската марка.

Автоплус

- Реклама -