Постојат „луди“ организми. На некои луѓе им избива крв наместо пот, други пак лијат крвави солзи. Глистите предизвикуваат јадеж на газот и може да ги заразите најблиските поради нечистите раце. Една докторка по општа медицина одговора на некои збунувачки прашања, вклучувајќи го и ова: Постојат ли луѓе кои се алергични на сперма?
Дали навистина постои алергија на сперма?
Може да се биде алергичен на речиси сé, за жал, и на сперма. Кога тоа веќе го кажавме, треба да се забележи дека не постои алергија на самата сперма како таква, туку на протеините кои се наоѓаат во семената течност. Станува збор за многу ретка алергија, и во медицинската литература има регистрирано само 80 случаи.
Како изгледа алергиската реакција на спермата?
Симптомите обично се јавуваат за време или кратко време по сексуален чин, и можат да бидат системски или локални. Локалната реакција се манифестира како болка во вулвата или вагината, како осип, чешање или оток, кој може да потрае неколку дена. Системската реакција обично започнува со локално чешање и со отекување на вагината (вулвата), а чешањето се шири низ телото, до лицето, усните и јазикот. Во некои случаи, системската реакција може да вклучи потешкотии при дишењето, варењето на храната, како и силен анафилактички шок.
Читателите ќе сакаат да слушнат дека не е забележан ниту еден фатален исход од алергија на сперма. И само жени страдаат од оваа состојба.
Тоа не треба да не изненадува, кога ќе се има предвид дека мажите постојано во себе ја имаат спермата, па би било многу проблематично тие да се алергични на неа.
Би можело ли тоа да ве ограничи да бидете во врска (за стрејт жените)?
Кога станува збор за секс, не е сé загубено: како прво, и многу интересно, не постојат пријавени симптоми предизвикани од орален контакт со протеините од сперма. Како второ, клучно кај алергиите на сперма е дека кај жените не се манифестираат никакви симптоми кога се користи презерватив. Ете уште една причина зошто кондомите се супер.
Можат ли луѓето кои се алергични на сперма да имаат деца?
Плодноста не е загрозена, бидејќи самата сперматозоа не предизвикува алергија. Опциите се да се пристапи на третманот кон десензитизација или вештачко оплодување, со сперма од која е отстранета семената течност.
Плус…
Може ли некој да биде алергичен на себе ?
„Авто-алергијата“ може да биде едно од објаснувањата на автоимуните заболувања. Иако лекарите тоа обично не го опишуваат така, изгледа како да ве мрази вашиот имунолошки систем. Но факт е дека тој нема моќ за распознавање, ниту за калкулација. Тоа е затоа што различните делови на имунолошкиот систем се одговорни за алергии и за автоимунитет.