Aлександра Ковач практикува јога на снимањата на „X Factor“

 

Снимањата на X factor се во тек, а како што пренесуваат медиумите, судиите за време на паузите пронаоѓаат различни начини да се опуштат.

Така единствената дама во жири-комисијата, Александра Ковач, го користи слободното време за јога. Со оглед на тоа што снимањата траат и по четиринаесет часа дневно, Александра од продукцијата побарала посебна просторија во која ќе може да работи на својот внатрешен мир.

593883_aleksandra-kovac-02foto-promo_ff

 – Со јога се занимавам со години и не постои физичка и духовна дисциплина која подобро влијае на вашиот ум, го освежува и зацврстува телото и ви помага во моментите кога ви е неопходна поддршка. На сите натпреварувачи на шоуто, срдечно им препорачувам да ги научат основните асани кои можат да се практикуваат секаде и во секое време, а ќе им помогнат да ја надминат тремата. Истите го регулираат дишењето и влијаат на концентрацијата. Јас секогаш ги практикувам, искрена е Ковач.

Покрај своето здравје, познатата композиторка води сметка и за изгледот, па така во шоуто секогаш можеме да ја видиме во интересни фустани и специфични детали во косата.

- Реклама -