Александар Трајковски се врати во Хрватска.

Александар Трајковски (33) е новиот играч на Локомотива. Иако клубот сè уште не го официјализираше, поранешниот напаѓач на Хајдук веќе е регистриран во системот на ХЕРЦ.

Трајковски остана без ангажман по завршувањето на минатата сезона, кога му истече договорот со Хајдук. За време на периодот без клуб, тој сепак одработи пет настапи за македонската репрезентација и постигна два гола.

Во два годишен период во Хајдук, Трајковски дојде како слободен агент во летото 2023 година и на 32 настапи постигна десет гола во хрватската лига. Најзначаен натпревар за него беше против Локомотива, во последното коло од сезоната 2023/24, кога постигна хет-трик.

Под водство на Џенаро Гатузо, Трајковски доби малку минути, иако на крајот од сезоната успеа да постигне гол против Локомотива во ремито од 1:1, како и против Риека во победата од 2:1.

Локомотива е трет хрватски клуб за кој ќе настапува Трајковски. Тој својата кариера во Хрватска ја започна во сезоната 2010/11, играјќи за Интер од Запрешиќ.

Најпознат е по времето поминато во Италија, каде што играше за Палермо и Мајорка во Ла Лига. До сега, одигра 98 натпревари за македонската репрезентација, постигнувајќи 24 гола.

Фото/ EPA