Александар Македонски носел софистициран оклоп

Александар МакедонскиОна што му ја дала предноста на Александар Македонски во походите на Европа и Азија, веројатно бил софистициран оклоп што наликува на модерниот кевлар. Научниците открија дека македонските армии носеле оклопи од пресуван лен што спречувало да бидат прободени.

Она што му ја дала предноста на Александар Македонски во походите на Европа и Азија, веројатно бил софистициран оклоп што наликува на модерниот кевлар. Научниците открија дека македонските армии носеле оклопи од пресуван лен што спречувало да бидат прободени.

АлександарВо една неодамна објавена археолошка студија, се тврди дека армиите на Александар Македонски носеле како заштита линоторакс, оклоп кој се правел со пресување слоеви лен, а кој многу наликува на денешниот кевлар. Истиот спречувал лесно прободување и на македонските војници им давал голема предност пред противниците.

За разлика од металните и другите видови оклоп, не е најден ниту еден примерок од линоторексот, но тоа е сосема разбирливо, со оглед на фактот што ленот брзо се распаѓа. Сепак, не постои сомнеж за постоењето на ваквиот оклоп, затоа што истиот е споменат многу пати во античките записи, а арехеолозите тврдат дека се употребувал најмалку илјада години, кај медитеранските народи.

Слики со варијации од овој оклоп се наоѓаат на многу предмети, од грчки вазни, па сѐ до етрурските релјефи во храмовите. Можеби најпознат од сите е познатиот „Мозаик на Александар“ во Помпеја, на кој македонскиот крал е претставен токму со ваквата заштита.

Уште една клучна состојка во изработката на оклопот е лепилото што ги сврзувало слоевите лен. Во тоа време, на располагање ги имало лепилата направени од кожа од зајак или пак од семе од лен. Научниците направиле своја верзија од оклопот и иако не може со сигурност да се каже колку е тоа блиску до она што го носеле античките македонски армии, сепак тестот покажа дека и едноставната (или примитивна технологија) може да создаде соодветна заштита од убоди со ладно оружје. [Laminated Linen Protected Alexander the Great]

- Реклама -