„Потрагата по мирот има своја цена, и се прашувам, колку далеку сум подготвен да одам?“ „Алеф“ го означува враќањето на Коелјо кон своите почетоци. Во искрена и изненадувачки лична приказна што плени уште од првата страница, тој ни открива како сериозната криза во верата го тера да се впушти во потрага по патот до духовно обновување и развој.
За да се доближи повторно до Бога, решава одново да почне да патува, да експериментира, да се поврзува со луѓето и со светот. На ова извонредно и преобразувачко патување со Транссибирската железница ќе ја сретне Хилал, жената што ја сакал пред 5 века – средба што ќе го одведе на мистичен времеплов во потрага по себеси. Низ патувањето, Коелјо постепено излегува од изолацијата, се ослободува од егото и гордоста и се отвора за пријателството, љубовта, и верата.
„Алеф“ е средба со нашите стравови и гревови; потрага по љубов и прошка, и храброст за соочување со неизбежните предизвици на животот.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на „Сладоста на животот“ се:
1. Анета Кавазова
2. Валерија Николова
3. Елена Радевска