Албинизам во Африка

IMG_0293

Во многу делови од светот, она што навистина е албинизмот е извитоперено благодарение на фолклорот, предрасудите и лажните претпоставки. Во Танзанија и Бурунди, да се живее без пигментација на кожата може да значи да се биде ловен од „вештерски доктори“ и врачови, кои веруваат дека екстремитетите на албино луѓето содржат натприродни моќи и продаваат отсечени делови од телото на црниот пазар. Во Јужна Африка ситуацијата е многу помалку страшна, но сепак, албино децата се исмејувани во училиштата и се соочуваат со дискриминација на секој чекор, а често се гледани и како клетва на нивните семејства.

Јужно-африканскиот фотограф Џастин Дингвал ги здружи силите со адвокатот Тандо Хопа и моделот Санеле Ксаба – од кои двајцата имаат албинизам, сé со цел да ја создадат фото-сесијата Albus, која е ода посветена на естетиката и спиритуалната убавина на човекото тело.

Ова не е сесија за расата, додава Дингвал, туку за естетската моќ и грациозност што често доаѓа со тоа да се биде различен и оттргнат од нормата. „Различноста ми е голема инспирација“. Но тој оди многу подлабоко отколку просто прикажување на албино моделите како кул, модерни или „чудни“. Наместо тоа, Albus е спој од интернационално разбрана религиозна и секуларна иконографија, споени во деликатна приказна за новото раѓање и обновувањето. Хопа е во улога на Дева Марија; Ксаба е крстен во вода од пеперутки и змии – и двете означуваат метаморфоза, соблекување на една кожа и откривање на нова.

Со тоа, фотографот се надева дека ќе ја пресече мрежата од митови и насилство и ќе ја открие вистината и спокојот што се кријат под неа.

1 2 Grazia  In-with-the-new Liberty-2 Red-Blue-MaryA0c Rhapsody-02 Ubuntu Vulnerable-Eyes-Closed White-Veil

- Реклама -