Алберобело е симпатично мало градче во провинцијата Бари во покраината Апулија, јужна Италија.
Ова прекрасно место се издвојува од сите останати во светот благодарение на уникатните древни бели куќарки со конусни покриви, традиционално наречени „трули“. Градчето се наоѓа на ридско подрачје, над кое на запад се издигнуваат Апенините.
Денес покраината брои 11.000 жители, бројка која во изминатата деценија континуирано растеше.
Благодарение на градбите кои водат потекло уште од праисториските времиња, ова мало место е запишано во списокот на светско наследство на УНЕСКО.