Нема повеќе приватност за Албанците, телефонските броеви и разговорите на над 500 илјади граѓани завршија на пазар, јавија албанските медиуми.
За експертите, објавените телефонски броеви и разговорите направени од околу 500.000 албански корисници на WhatsApp, а сега ставени на продажба на darkweb претставува “катастрофална штета”.
Експертот за безбедност и професор по криминалистика, Ервин Карамучо е со ист став, дека “овој чин е уште една катастрофална штета на приватноста”.
„На 506 илјади Албанци, корисници на апликацијата WhatsApp, им се продаваат на дарк веб сите комуникации што ги направиле во текот на минатата година. Уште едно катастрофално нарушување на приватноста“, напиша тој на Фејсбук.
По извршените кибер-напади од страна на иранската хакери врз албанските владини системи ова не е првпат да се објавуваат податоците од хакирањето, вклучително и податоци за платите, регистарските таблички на возила, документи за идентификација на албанските граѓани.
МИА