Албанскиот премиер Рама поднесе тужба против косовскиот премиер Харадинај

Албанскиот премиер Еди Рама поднесе тужба до премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај, во Основниот суд во Приштина.

Во тужбата што содржи повеќе од 30 страници, Рама тврди дека Харадинај го клеветел дека барал обештетување, пишува весникот „Експрес“.

Во тужбата се наведуваат неколку телевизиски настапи емитувани минатиот октомври во кои Харадинај зборуваше за размена на територии помеѓу Србија и Косово, обвинувајќи го Рама дека ја иницирал идејата за размена на територии со Хашим Тачи и Александар Вучиќ.

Рама во тужбата навел дека јавните настапи на косовскиот премиер му наштетиле на честа, угледот и достоинството.

Тој навел бројни изјави дадени од Харадинај во неколку наврати, во кои тој го споменувал албанскиот премиер Еди Рама.

Вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај, во повеќе наврати ги обвинуваше косовскиот претседател Хашим Тачи, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама како водачи кои ја иницираа идејата и работеа на реализација на територијалната размена меѓу Косово и Србија.

Одговор на тужбата

Харадинај рече дека, согласно законот, ќе подготви одговор на тужбата.

“Во медиумите денес е објавено дека албанскиот премиер Еди Рама поднел тужба против мене. Јас, според закон, ќе подготвам одговор на тужбата во законските рокови”, рече Харадинај за косовските медиуми.

Тој ја нарекува тужбата неоснована и обид да се избегне одговорност.

„Судската постапка на премиерот Рама е целосно неоснована и неговата политичка диверзија е да се крие зад медиумските драми и да избегне одговорност. Нашиот народ и Косово има луѓе кои ќе бидат наш бранител за сите времиња“, нашпиша Харадинај во објавата на Фејсбук.

- Реклама -