Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција, како што повика Зеленски во февруари

Албанија ќе го реактивира производството на оружје и муниција. Предлог-законот на Министерството за одбрана, го отвора патот за тоа преку формирање државна компанија, која ќе го контролира овој сектор, објавија медиумите.

Потсетуваат дека првиот повик за воспоставување на оваа инфраструктура во земјата го упатил претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кога во февруари годинава беше во посета на Тирана, на  Самитот Украина – Југоисточна Европа, а албанската влада го поддржала повикот, додека премиерот Еди Рама најавил дека во текот на 2030 година ќе започне извозот на оружје.

-Предлогот за враќање на воената индустрија е аргументиран со геополитичките потреби на времето, каде снабдувањето со оружје стана неопходно за НАТО и за земјите што ги поддржува на воени позиции. Покрај тоа, ангажирањето во зајакнувањето на таквата индустрија може да се смета и како профитабилна активност за економијата на земјата, наведуваат медиумите.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Се очекува државното претпријатие што ќе се формира да ги врати во функција поранешните фабрики и да ги интегрира новите технологии во вооружувањето.
Ова нема да биде единственото вложување во областа на одбраната, бидејќи долгорочниот 10-годишен план има за цел зголемена мобилизација во армијата и формирање на неколку воени бази.

Во Албанија по 1970 година се изградени три претпријатија за производство на оружје и муниција, во Мјекс кај Елбасан, во Грамш и во Поличан, но во истите со децении е запрено произведстото.

- Реклама -