Албанија ќе го зајакнува одбранбениот систем со авиони, беспилотни летала, хеликоптери, бродови и оклопни возила

Албанија планира да ја прошири својата воздушна флота со борбени авиони, други беспилотни летала и хеликоптери. Што се однесува до поморската безбедност, планира да набави еден воен брод и друг на средно ниво. На терен ќе има и засилување со оклопни автомобили и системи за противвоздушна одбрана со среден дострел, јави Ора њуз.

Во следните 10 години земјата има за цел да ги модернизира вооружените сили за да одговори на новите безбедносни предизвици.

Според неодамна објавениот долгорочен план за развој на вооружените сили 2024-2033 година, главниот фокус ќе биде ставен на модернизацијата на одбранбените системи против беспилотни летала, противвоздушната одбрана со системи со краток дострел и одбранбените системи со среден дострел.

-Планот дури предвидува и развој на платформи за лансирање ракети со долг дострел. Исто така ќе продолжи да обезбедува хеликоптери за повеќекратна употреба, било за цивилна одбрана или за воени операции. Новина во овој случај е одредбата за купување борбени авиони, додава телевизијата.

По отстранувањето од употреба на авионите „МИГ“ и другите модели производство пред 1990 година, ова е првпат албанската армија да има за цел да го надополни ова, по обезбедувањето беспилотни летала и хеликоптери од земјите партнери.

-Поморската одбрана ќе биде засилена со брод од среден дострел и воен брод. Копнената одбрана се очекува да има на располагање оклопни возила а ќе продолжи да се обезбедува лесно оружје за баталјоните во Албанија. Исто така, и по барањето на Украина и одлуката за НАТО алијансата, како приоритет, земјата ќе го зголеми производството на лесно оружје и муниција, наведува телевизијата.

Во последните години во Албанија се зголемени вложувањата во одбранбениот сектор, каде за првпат годинава се издвоени средства кои достигнуваат ниво од два отсто од Бруто домашниот производ. Во рок од 10 години се планира да достигне ниво од 2,8 отсто од БДП.

- Реклама -