Специјалната известувачка на Обединетите нации за палестинските територии, Франческа Албанезе изјави дека значителен дел од населението на Газа е „збришан“ во екот на интензивните израелски воздушни и артилериски напади врз блокираниот палестински регион.
„Тоа што се случува е дека значителен дел од палестинското население во Газа се брише. Ништо поинаку од тоа што се случуваше порано…, но овој пат со зголемена жестокост“, рече Албанезе.
Коментирајќи ја одлуката на Израел да го прекине снабдувањето со вода, електрична енергија, храна и други основни потреби за Газа, Албанезе рече дека изгладнувањето на опколеното население и ускратувањето на основните потреби претставува воено злосторство.
„Ако тоа е намерно и во контекст на широк и системски напад врз цивилното население, тоа исто така претставува злосторство против човештвото“, додаде таа.
Албанезе нагласи дека и цивилните израелски заложници кои Хамас ги држи во Газа, исто така, мора да бидат ослободени и дека нивното понатамошно притворање е апсолутно неоправдано.
„Исто така сакам да кажам дека Израел со бомбардирањето на Појасот Газа го загрозува сопственото цивилно население кое Хамас го држи во заробеништво во Газа“, рече Албанезе.
МИА