Алба: Не сакам баба ми и дедо ми да ме гледаат гола!

Актерката Џесика Алба не ја исклучува можноста еден ден повторно да снима голи сцени.Таа признава дека не е донесена одлука да не се соблекува во идните филмови, но вели дека тоа не е нешто кон што се стреми во сегашната фаза од кариерата .

“Нема да кажам дека никогаш нема да се соблечам повторно, но засега тоа не е потребно”, вели актерката.

Џесика вели  дека единствената причина што во блиска иднина нема да се соблекува пред камерите  е за да избегне непријатни моменти кога роднините ќе ја видат гола .

„Чудно е  кога на Божиќ баба ми и дедо ми гледаат некои делови од мене. Не знам, јас сум старомодна”, вели таа.

Актерката сподели и дека нема идеја како успева да се справи со грижата за двете ќерки и со професионалните обврски.

„Семејството секогаш ќе биде на прво место. Се уште се обидувам да го погодам  вистинскиот баланс помеѓу сите мои активности. Важно е  децата да се среќни и здрави, се останато ќе се нареди”, вели Џесика Алба.

- Реклама -