Аквадуктот вчера бил жртвa на бездушни рушители. Прекрасниот историски објект е навикнат на тоа. Дали треба да се навикне и јавноста?
Со години тешко оштетуваниот и непоправан скопскиот Аквадукт деновиве бил повторно и дополнително оштетен од се уште непознати сторители. Дури десет потпорни носечки столбови кои се клучни за негова стабилност биле сњериозно оштетени. За ова е информирана и полицијата.
Досега, најголемите оштетувања се направени токму на насечките столбови од кои исчезнаа многу камења од кои беа соѕидани. Некому му требаат камењата, а нема страв да отиде да си ги турне и земе оти знае дека овој еден од највредните културно-историски споменици во градот стои сосема незаштитен.
За жал, се чини дека надлежните на Аквадуктот се потсетуваат само откако ќе биде нанесена штетата или кога таму ќе се насоберат толкави купишта ѓубре што и аквадиктор не може да се види. Тогаш набрзина се организираат акции за чистење. Досега ги имаше неколку, а на една од нив, во февруари 2018-та година, државните, градските и општинските бутелски власти најавија дека прво ќе се направи конзервација, а потоа и ревставрација на импознатниот објект. Најавија дури и дека ќе биде направена соодветна инфраструктура, дека ќе има и летна сцена со 600 до 1.000 седишта…
Но, потоа, Аквадуктот пак остана незашитетен чекајки го датумот… ама датум за почнување на конзервацијата нема.
Ехо.мк