Актерката што умре на сцена додека глумеше како умира

10[3]

Неколку уметници и актери имаат починато на сцена додека изведувале перформанс во живо, ама случајот на Едит Вебстер е најуникатниот и веројатно најироничниот од сите.

Вебстер беше релативно непозната актерка која никогаш не успеа да направи име додека беше жива, но тоа што го читате текстот значи дека успеа да направи име постхумно, и тоа со нејзината бизарна смрт. Во изведбата на претставата The Drunkard (на Вилијам Хенри Смит), во еден театар во Балтимор, 60-годишната Едит ја играше улогата на бабата во приказната. Според сценариото на претставата, бабата требаше да ја испее „Please Don’t Talk About Me When I’m Gone“ („Ве молам не зборувајте за мене кога ќе ме нема“), по што требаше да падне мртва на подот.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево

Вебстер ја играше улогата одново и одново цели 8 години, кога таа вечер, на 24 ноември 1986-тата, откако ја испеа песната, падна на подот, мртва. Публиката беше воодушевена и ја поздрави со огромен аплауз. Истото го потврди и режисерот на претставата – Ричард Бирд.

Отпрвин, публиката мислеше дека повиците за помош од другите актери на сцената беа дел од сценариото. Но, после неколку минути, луѓето почнаа да сфаќаат дека актерката всушност колабирала. Докторите подоцна утврдија дека имала фатален срцев удар.

И згора на сé, тоа не бил нејзиниот прв инфаркт додека ја играла улогата. Според нејзината ќерка, и пред неколку години ѝ се случило нешто слично-  имала инфаркт за време на претставата, но помош побарала дури подоцна таа вечер.

Edith-Webster[1]

- Реклама -