Актерката Лора Лини стана мајка на 49 години

Американската актерка Лора Лини го роди своето прво дете на 8-ми јануари, соопшти нејзиниот потпарол за списанието „Pipl“.
Момчето, кое е именувано Бенет Армистед, е првото дете на Лори и нејзиниот сопруг Марк Шауер.
„Мајката и бебето се среќни и здрави“, рекол потпаролот на актерката.

Лора Лини, која на 5-ти февруари ќе наполни 50 години, се венча со Шауер во мај 2009-та година.
Интересно е дека јавноста не знаеше за бременоста на актерката.

Зад себе има уште еден брак. Лори е најпозната по филмовите “Kongo”, “Truman sho[”, “Mistick river”, a постигна и значајни улоги во театар и телевизија.

Добитничка е на два Златни глобуса, а три пати е номинирана за наградата „Оскар“.

- Реклама -