Со првата арома на пролетта во воздухот доаѓаат и првите желби за промени во домашниот ентериер.
За впечатливо пролетно преуредување на домот шведската компанија IKEA позната по производство и продажба на оригинални и практични парчиња мебел и аксесоари за домот овој пат понуди навистина впечатлива колекција.
Мини масички кои може да бидат повеќенаменски, интересни модели на столови, вазни во неонски бои и неодредени форми, кутии за накит, декоративни лепенки за на ѕид, ѕидни постери кои се комбинација од цртеж, слика и колаж мотивирани од творештвото на американската фотографка Кари Херер, цветни ткаенини и многу други нешта ќе ви го разубават домот.
Погледнете дел од најновата колекција на IKEA!