Дебелината денес убива повеќе од три милиони луѓе годишно во целиот свет. Повеќе од половина од населението на Европа страда од дебелина, а над 1/3 од возрасните граѓани во САД имаат прекумерна тежина. Ако работите продолжат така, по 20 години 50 до 60 отсто од светското население може да е со прекумерна тежина, прогнозираат научниците. Брзото стекнување на килограми најмногу се должи на штетната исхрана која постојано се консумира. А можно ли е и животните да се здебелат? Еве што ќе се случи, доколку водата во Серенгети е газиран пијалок со додаден шеќер.