Ако светлата облека одбива жешко, зошто Бедуините носат црно?

blak

Општонародната мудрост вели дека леснита, деликатни ткаенини со светли бои, се најдобриот избор за борба против жештината, барем кога се мисли на облеката. Демек, светлите бои ја рефлектираат топлината и ја држат подалеку од нас, а темните бои ја заробуваат и прават да удавиш во потта во сопствената облека.

Од друга страна, ги имаш Бедуините. Бедуините живеат во пустина. И носат црно (добар дел од нив).

Пред да стигнеме до аргументите против светлата облека, први ќе ги разгледаме тие за кои имаме цврсти научни докази. Пред сé – на тоа колку ќе ви биде жешко во сопствените парталчиња, влијаат и неколку други фактори. Доказите велат дека дали носите светла или темна облека, всушност не менува ништо. Колку за референца, постои академско истражување од 1980-та, објавено во Nature, со наслов: „Зошто Бедуините носат црна облека во жешките пустини?“.

Како и вие, и научниците биле збунети околу тоа зошто Бедуините, наместо да носат да речеме – бело, носат широки црни наметки. По направеното тестирање на бела версус црна облека (спроведено со помош на кутар тип што стоел на жешко), научниците нашле дека разликата е – незабележителна. Нашле дека црната облека навистина апсорбира повеќе топлина, но таа останува токму таму, во облеката. Со други зборови, екстра топлината што ја впива црната ткаенина се губи додека да стигне до нашата кожа. Тоа што се покажало како корисно за ладење во жешки денови, била лабавата, широка облека, која дозволува проток на воздух.

Сега да се вратиме на аргументите против светлата облека. Главна маана на таа теорија, наводно, е што ѝ фали еден клучен елемент, а тоа е човекот што ја носи. Се мисли на тоа што и самото тело зрачи топлина. Кога носите бело, таа топлина се рефлектира од белата боја и се враќа право кон телото. За волја на вистината, аргументот е добар, ама не е проверен на луѓе; испитан е само на птици со бели пердуви, ама со мешани резултати.

Додека да се случи таа проверка, безбедно е да се заклучи дека не прави многу разлика тоа дали ќе носите бела или црна боја кога е жешко. Сé додека облеката ви е широка, ќе ви биде подеднакво жешко како и на тој до вас.

- Реклама -