Режисерот Владимир Милчин и поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, кои беа лустрирани, се сомневаат дека предлог законот со кој одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни, а кој вчера помина на влада, ќе има позитивен ефект. Напротив, тие стравуваат дека предизборно партиите може повторно да се препукуваат со минатото на лустрираните, бидејќи како што велат, ако нема одговорност за нарачателите на лустрацијата и за спроведувачите (Комисијата за верификација на фактите и Управниот суд) сѐ ќе се сведе само на предизборен политички маркетинг.
– А дали Предлог-законот предвидува санкции за Аџиев и компанија за кршењето на човекови права? На кој суд лустрираните треба да бараат отштета? На Управниот кој ги потврдуваше одлуките на Аџиев и компанијата, без да им даде право на одбрана на лустрираните? А Вишиот управен суд ги потврдуваше по автоматизам, одново во отсуство на лустрираните! Каде се сега аминџиите во комисијата, на кои функции? Сега треба да заборавиме на таа чистка нарачана од Грујо и да се расправаме за тоа кој треба да плати отштета? Ова е правда? – прашува Милчин на Фејсбук.
Тој во разговор со Плусинфо вели:
Ова за мене е цинизам и нема врска со правда. Овде одговорност нема, туку има обид за замолчување на жртвите на лустрацијата. Со ваков закон повторно нема влакно од глава да им фали ниту на Груевски како нарачател на лустрацијата, ни на Силвана Бонева како предлагач, ниту пак, на Комисијата за лустрација предводена од Аџиев. Како ќе се укинат последиците кои јас ги трпев пет години: малтретирањето, навредите, понижувањето, оневозможувањето да работам, избегнувањето. Со пари? Тоа е страшно. Ова не е мерка со која се исправа неправдата и кршењето на човековите права – вели Милчин.
Продолжете на Плусинфо