Се качувате на вага, убедени дека ќе ви се допадне ова што ќе го видите, но наместо намалениот број на килограми, гледате дека сте се здебелиле еден килограм.
Иако вашите панталони ви „пливаат“ околу половината! Пред да се разочарате и скокнете од баклон, знајте дека флуктуцијата е фактот на животот.
Александра Касперо е жена која држела диета, и која се согласила да се мери на вага секој час за време на 12 часа и да ги запишува секој пат како се чувствува.
Еве го на кратко нејзиниот пат…
5 часот и 60,32 кг
„Се разбудив подуена и полна од претходната вечер кога претерав на вечера со пријателите. Инаку тежам помеѓу 54 и 58 килограми, но ова е малку „пожесток“ дел од годината, па не се грижам.“
6 часот и 59,64 кг
„Е сега се чувствувам подобро. Се напив кафе и чаша вода. Отидов по мала нужда, но не правев ништо посебно, само седев на компјутерот и ја проверував е-поштата.“
7 часот и 59,53 кг
„Се чувствувам слабо, што и да значи тоа. Ништо не јадев и не пиев во последниот час, но не ни правев ништо.“
7:45 часот и 59,87 кг
„Се напив голема чаша вода пред мерењето, што би можело да го објасни добивањето на килограмите. По три часа седење, подготвена сум да одам на јога.“
9:20 часот и 59,47 кг
„Ете, паднав. Всушност, ми се чини дека би можело да биде и повеќе, но моменрално сум испотена и без здив. Се чувствувам како да сум изгубила барем две кила! Милам дека ова е најниска тежина која ќе ја измерам денес.“
10:10 часот и 59,42 кг
„Толку добро се чувствував по вежбањето јога што одлучив да одам и на трчање во паркот. Обожавам што благодарение на работата имам флексибилно работно време.“
10:50 часот и 60,1 кг
„Смешно е тежината ми е зголемена иако апсолутно ништо немам јадено ни пиено по трчањето. Бидејќи долго време вежбав, ќе појадувам кога ќе се вратам од продавница. Иако вагата покажува повеќе килограми, по трчањето се чувствувам послабо и панталоните ми „пливаат“ околу половината.“
12 часот и 59,93 кг
„Одлично се најадов и се напив чај и две големи чаши вода. Затоа ми е чудно што килограмите се намалени!“
13 часот и 60,44 кг
„Да, сега вагата сфати дека се имам прејадено јаглехидрати додека го готвев ручекот. Исто така, пиев многу чај и вода.“
14:30 ии 61,81 кг
„Значи, ова не го очекував. Последниот час и половина го поминав на нозе работејќи. Иако целото попладне пиев чај и вода, бев во тоалет пред да се мерам. Не се чувствувам слабо како претходно денес, но не се чувствувам ни големо као што тврди вагата.“
16 часот и 61,8 кг
„Се вратив од состаноци и почнувам да чувствувам глад. Ќе јадам чинија супа и парче тост. Иако имам иста тежина како пред еден час, се чувствувам полесно.“
17 часот и 61,85 кг
„Што е сега ова??? Очекував малку да се зголеми бројот по ручекот, но не можам да поверувам до каде стигнав. Иронично, се уште сум малку гладна, но после ова мислам да изедам само малку ананас.“
18:15 часот и 62,36 кг
„А не јадев ништо! Испив една чаша вода, но мислам дека од неа не се здебелив волку. Се чувствувам дека баш денес, од сите денови, морав да се здебелам за овој експеримент. Ќе испијам една чаша вино додека ја правам вечерта, за малку да се смирам.“
20:30 часот и 62,59 кг
„Дали гледате како, според вагата, се здебелив во последниов час?! Се разбира дека не се здебелив толку, бидејќи е физички невозможно, но сепак малку ме збуни и за време на вечерата повеќе внимавав што јадам.“
21:30 часот и 62,19 кг
„Подготвена сум да одам во кревет. Се надевам дека овој експеримент на сите ќе ви покаже колку тежината се менува во текот на денот, и дека навистина не вреди поради неа да се грижите премногу.“