За вистинските мажи, од женски агол.
Вистинските мажи го прават животот поинтересен… Тие ја отвораат вратата од автомобилот, бакнуваат во чело кога тешат, знаат кога треба да купат чоколадо.
Тие се храбри.
Тие велат „нема проблем“ и навистина нема.
Тие доаѓаат за нас кога ќе ги повикаме. Не носат дома и удобно не сместуваат да заспиеме нурнати во нивните гради.
Мажите немаат потреба од шминка, едноставно се прекрасни.
Не им е важно, дали ние имаме шминка. Вистинските мажи сакаат природни жени.
Тие стануваат татковци и им го даваат презимето на своите деца. Тие се заштитнички настроени, кон своето семејство.
Нивните зборови се само најава за постапките. Знаат што сакаат и кога да го „зграпчат“.
Тие секогаш се заинтересирани каде сме. Тие инсистираат да ја платат сметката, иако и самите не знаат зошто. Тие ни ги трпат ударите и велат „Таа знае да ме извади од кожа, но е толку прекрасна!”
Умеат да простат вистински, доколку се извиниме од срце, без да се навраќаат постојано на тоа…
Тие се силни.
Ако сакате да го промените светот, љубете маж … навистина сакајте го. Тој ќе го промени светот, барем оној во вашите очи.