Ако сакате да бидете среќни не правете го ова!

Не мислете за тоа што ќе биде утре, уживајте во секој момент, не барајте постојани мани кај другите затоа што и вие не сте совршени и престанете да се жалите.

Земете сѐ од животот

Life-Color-Happiness-random-16610806-600-398

Во овие несигурни и турбулентни времиња сѐ почесто сме нерасположени. Понекогаш немаме доволно самодоверба и сами себе си стануваме најголеми непријатели и тогаш не обзема чувство на безизлесност, па не знаеме како да реагираме. Токму затоа е неопходно константно да работите на себе и да научите да не се фаќате во костец со овие чувства. Ако барате среќа, еве како НЕМА да ја најдете:

Опседнати сте со перфекција

Не се обидувајте да бидете совршени во сѐ.

Живеете во страв

Сѐ повеќе од нас живеат во страв што ќе се случи утре. Но, затоа што не можете да го контролирате времето, особено иднината, може да контролирате како живеете сега. Отфрлете ги мислите што ќе биде утре и уживајте во секојдневните моменти.

1680784-poster-1280-health-and-happiness-index

Ги осудувате другите

Научете да ги разберете луѓето околу вас и не ги осудувајте. Сочувството и љубовта се пат кон среќата. На тој начин остварувате контакт со другите, што ве прави дел од нивниот живот.

Постојано се жалите

Кој сака да слуша некој кој се жали цел ден? Никој! Животот е многу поубав ако го гледате како чаша полна до пола, а не какоtumblr_lyuv1lmKPC1qgujfno1_400_large празна до пола. Таквиот став кон животот е веќе половина добиена битка кон среќата.

Немате самодоверба

Истражувањата покажале дека една од осум жени не го сакаат своето тело и тоа е тажно. Ако и вие така мислите за себе, итно да ги отфрлите негативните мисли и прифатете се какви што сте. Застанете пред огледало и истражете што сакате кај вас: очите, косата, устата,рацете…

Избегнувате промени

Промените се дел од животот и тие што ги прифаќаат се многу посреќни од оние кои се статични. Затоа бидете храбри, слободно впуштете се во животна авантура и направете ги деновите повесели. Животот е драгоцен, искористете го максимално!

- Реклама -