Ако не може пратеникот, да гласа неговата сопруга – предлага Апасиев „за да спречи квинслиншки анекс“ со Бугарија

Пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, продолжува да објавува примери од подбивните амандмани што партијата ги поднесе против предлогот на собранискиот спикер Талат Џафери – пратениците што се афектирани (болни или во изолација) од Ковид-19, да можат да работат онлајн. Меѓутоа, Апасиев ја објасни и целта на истите:

„СДС на Нашата Земја, во соработка со ДУИ, се обидуваат да прошверцуваат противуставен Деловник за онлајн работа на Собранието, со единствена цел – да може полесно да го ратификува евентуално склучениот квислиншки анекс-договор со Бугарија со кој се негира македонскиот јазик, нација и идентитет!

Пратениците од Левица се решени дека тоа нема да го дозволат и затоа се одлучија на амандмански ФИЛИБАСТЕРИНГ.

#СмртНаФашизмот #СлободаНаНародот“, порача Апасиев, па претстави уште неколку од амандманите на Левица.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

Така на пример, Апасиев предлага оддалеченоста на пратеникот од Собранието да се мери во километри, а оптички кабел да обезбедува Генералниот секретар.

Понатаму, пратениците кои не се во можност да се конектираат да имаат право да го задржат неупотребениот глас и кога ќе соберат десет такви, да можат 10-те да ги употребат одеднаш, односно 10 пати да гласаат за една иста работа.

Во друг амандман, со оглед дека пратениците поради болеста можат да бидат спречени да гласаат дури и од дома, Апасиев саркастично предлага во нивно име да може да гласа и сопруг или сопруга на пратеникот/чката. Како што вели Апасиев во образложението, со овој аманадман се земаат во предвид реалните потреби од секојдневниот живот на „болните и изнемоштени пратеници“.

- Реклама -