„Ако не ги заштитиме океаните, ја загрозуваме нашата иднина“

Океанот е инспирација за многу сликари, како што се Матис и Шагал, но тој е многу повеќе од само уметничка муза. Тој е животодавец, извор на храна, освежење и врска со светот. Ова го истакна Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, во своето обраќање на Конференцијата на ОН за океаните, која се одржува во Ница.

„Заеднички сме презеле важни чекори за заштита на нашите океани. Денес можеме да прославиме одредени достигнувања, но истовремено, мораме да ги засилиме нашите напори, бидејќи океаните се уште се во криза. Без акција, ја ризикуваме нашата иднина“, порача Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека Договорот за отвореното море, потпишан пред три години, е клучен за заштита на океаните. За реализацијата, ЕУ ќе вложи 40 милиони евра во рамките на „Глобалниот океан“. Сепак, според неа, е од есенцијално значење да се ратификува договорот од најмалку 60 земји потписнички, за да може да стапи на сила.

„Ве молам, забрзајте ја ратификацијата! На нашите океани им е потребна нашата поддршка“, додаде Фон дер Лајен.

Тaa истакна дека новиот Европски океански дигитален близнак (ЕДТО), чиешто промовирање е планирано за попладнево, ќе овозможи подобро разбирање на океаните, од загадувањето до навигацијата, како и на ризиците за крајбрежјето и биодиверзитетот.

„Не планираме да застанеме тука. Го слушнавме повикот од Франција и другите да инвестираме во истражување на океаните. Со Дигиталниот близнак започнуваме нова иницијатива за мониторинг на океаните, што ќе обезбеди важни податоци за сите кои зависи од океаните и ќе помогне на Европа да стане глобален лидер во науката и технологијата“, рече таа.

Фон дер Лајен потсети и дека попладнево ЕУ ќе представи Европскиот пакт за океаните, кој е стратешки документ за подобра заштита на океаните и развој на сина економија.

„Ако се сите посветиме на нашата улога, можеме да ги спасиме океаните. Како што изјави Жак Кусто: ‘Морето, големиот обединувач, е единствена надеж за човекот. Сега, никогаш порано, сите сме во истиот брод’. За да обезбедиме добар идентитет за океаните, мора да работиме заедно. Тоа е наша одговорност“, заклучи Фон дер Лајен во своето обраќање на конференцијата, на која учествува и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.