Мислите дека моделите се совршени? Погледнете колку фотошоп навистина им е потребно.
Првата асоцијација со моделите е совршена убавина. Но, во нивниот свет не е се толку совршено. Ова видео го покажува секој чекор на нивното разубавување. До целта, не се доаѓа така едноставно.
За 90 секунди, колку што трае видеото, гледаме дека и моделите ги мачат акни, брчки и останати неправилности на лицето.
Со помош на фотошоп исчезнуваат сите тие маани, а вештачкото креирање на лажна слика, може да потрае и до шест часа. На нивните фотографии се средува секој дел – од усните до прстите.
Со зборовите „Никој не е совршен“, ова видео сака да покаже колку се нереални сликите кои ги пласираат разни компании за убавина.