Доколку го користите пребарувачот Google Chrome, морате да знаете дека постои нова маана која може да доведе до тоа да забагува.
Проблемот е поврзан со специјално направен линк од 16 карактери кој кога ќе го впишете во полето за пребарување доведува до бескорисност на хромот. Она што е најлошо е тоа што дури не е потребно ни да притиснете enter по внесувањето.
Потврдено е дека овој напад може да направи хаос на последната стабилна верзија на пребарувачот (Chrome 45).
Ако сакате да проверите дали е вистина, само впишете ги следните карактери, но на сопствена одговорност.
http://a/%%30%30
Внесувањето на овој код доведува до престанок на работата на Chrome или табот во кој е отворен.
Оваа маана нема да прави проблеми на Android, но ќе прави на PC i Mac платформите.