Ако имате болки во грбот, ова се секс позите за вас

Канадски истражувачи испитувале кои пози најмногу им одговараат на лицата кои патат од болка во грбот, а кои пак, воопшто не се препорачливи.

Истражувачите испитувале десет двојки на возраст од околу 30 години и ги набљудувале додека водат љубов во пет пози: две варијанти на мисионерска поза (кога мажот е горе), две варијанти на „doggy“ (кога мажот е зад жената), и таканаречената „лажица“ поза (во која двајцата лежат, а жената е свртена со грб). За снимањето биле користени осум камери кои ги снимале движењата на грбот во текот на 20 секунди во секоја поза.

74189_profimedia0158327409_630x0

За мажите кои патат од болки во грбот не се препорачува „лажица“ позата, во која двајцата партнери се легнати свртени кон ист правец, потпрени на еден колк. Најдобра поза пак е кога мажот е позади, во исправена положба.

Не е лоша ниту мисионерската поза, односно секоја во која најмногу учевствуваат движењата на колковите и колената.

Тимот на канадски истражувачи најавил и изработка на водич кој ќе биде комплетен, бидејќи ќе ги вклучува и позите кои им одговараат на жените кои патат од овој проблем.

- Реклама -