Ако го направите ова, добриот секс е загарантиран

Сексот ви стана монотон и досаден? Пробајте ги овие едноставни трикови и зачинете ги страстите.

Имајте афера

Договорете заедничко излегување со партнерот на кое двајцата ќе дојдете посебно. Преправајте се дека имате афера. Можеби ви се чини лудо, но никогаш не знаете колку оваа игра може да биде возбудлива и секси додека не се обидете.

Играјте улоги во кревет

Ова секогаш е добар начин да го зачините сексот – без да имате афера. Може да бидете доктор, пациент, професор, војник. Небото е граница за вашата фантазија.

home2

Однесувајте се како тинејџери

Понекогаш дозволете си го тој луксуз и однесувајте се како вљубени тинејџери. Држете се за рака. Посетете ги местата на кои сте оделе на почетокот на вашата врска.

Практикувајте импулсивен секс

Не се договарајте за секс. Бидете импусливни и страствени. Изненадете го партнерот и имајте неочекуван брз и жесток секс.

Секси играчки

tumblr_lmgas9vuyt1qjc1hzo1_500_large

Запознајте ги новите секси помагала. Купете лубриканти, секси играчки, се што може да ги поттикне вашите сетила.

Воздржувајте се од секс

Ако знаете дека може да имате секс кога и да посакате, сексот ќе го изгуби шармот. Избегнувајте секс и договорете се со партнерот дека ќе го практикувате откако ќе се вратите дома по вечерата. Ова би можело да биде многу возбудливо.

Сензуална масажа

Соблечете се голи и измасирајте се меѓусебно без да се фокусирате на секс. Со прстите полека поминувајте преку неговото тело и ерогени зони.

Снимете домашно видео

27600

Снимете заедничко сеск видео. Снимката избришете ја после сексот доколку се плашите дека еден ден може некој да ја најде.

Користете огледала

Пооставете ги така што ќе може да ги гледате клучните точки додека водите љубов.

- Реклама -