Ако Атиџе не ја отсликува македонската реалност да снимиме филм за Боки и Катица, а?

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова реагира на коментарите на социјалните мрежи околу македонскиот документарец „Медена земја“.

„Атиџе и „Медена земја“ не ја отсликувале МК реалност.

Така е. Да снимиме филм за Боки 13 и Ката како после прославите на 1ТВ каде присуствуваше цела Влада ги апсеа за рекет. Па за „Рекет 2“, „Рекет 3“.

За аболициран премиер кој една година си прави муабет со лажен Порошенко. Пореално здравје“, порача Цветанова на Твитер.

- Реклама -