Ајнштајн или Монро: Проверете дали ви требаат очила пред монитор

Ајнштајн или Монро: Проверете дали ви требаат очила пред мониторНајверојатно знаете каков е вашиот вид, но некои луѓе се навикнати да ги гледаат работите на одреден начин и го игнорираат својот проблем со видот, што обично завршува со непотребни болки во очите за време на работа пред компјутер.

Оваа слика, креирана од професорот на МИТ универзитетот д-р Ауде Олива во 2007, ќе ви каже дали сте кратковидни или не: Ако го гледате Алберт Ајнштајн додека седите на нормално растојание од мониторот, тогаш ги гледате работите како што треба. Ако ја гледате Мерилин Монро, најверојатно треба да носите очила или контактни сочива.

Ако немате кратковидност (миопија) и сакате да видите како гледаат луѓето со ваков вид, повлечете се неколку метри од компјутерот додека не ја видите Монро.

Не сме експерти за очни проблеми, но можеби овој тест ќе ве потикне да го проверите својот вид во најблиската специјалистичка очна ординација. Сепак, кога се работи за видот и здравјето, компјутерите може да одморат 🙂

Ајнштајн или Монро: Проверете дали ви требаат очила пред монитор

- Реклама -